Македонија

Мицкоски нареди да се разрешат директорот и управниот одбор на Македониумот кој дозволил снимање на „Секси мама“

Мицкоски нареди да се разрешат директорот и управниот одбор на Македониумот кој дозволил снимање на „Секси мама“

Премиерот Христијан Мицкоски најави разрешување на директорот и на Управниот одбор на „Македониум“ по реакциите во јавноста поврзани со снимањето на спотот за песната „Секси мама“ во објектот.

Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при пуштањето во употреба на реконструираниот Студентски дом „Стив Наумов“, рече дека она што се случило не требало да се случи и дека денеска ќе побара од министерот за култура да ги преземе потребните чекори.

„Ги следев тие реакции. Навистина, тоа што се случило претставува нешто што не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура директорот на „Македониум“ да биде разрешен, заедно со Управниот одбор, бидејќи таков тип институции не треба да бидат изнајмувани за такви намени“, изјави Мицкоски.

Тој упати извинување до граѓаните поради пропустот и порача дека ќе се настојува вакви ситуации да не се повторуваат.

„Им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен, се случил и ќе се трудиме во иднина да не се случи. Денеска ќе побарам да бидат разрешени“, рече премиерот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни