Каматните стапки на постојните кредити во август бележат минимално намалување, додека кај новоодобрените кредити и новопримените депозити е забележан раст, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август изнесувала 4,67 проценти, што претставува намалување од 0,01 процентен поен во однос на јули и од 0,23 процентни поени на годишно ниво.
Кај вкупните депозити, просечната каматна стапка останала непроменета и изнесува 2,18 проценти.
Поинаква е состојбата кај новоодобрените кредити. Просечната каматна стапка во август се зголемила за 0,26 процентни поени на месечно и за 0,22 процентни поени на годишно ниво, достигнувајќи 4,70 проценти.
Во исто време, просечната каматна стапка на новопримените депозити пораснала на 2,72 проценти.
Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити се намалила на 4,33 проценти, додека кај новоодобрените кредити е зголемена на 4,68 проценти. Каматната стапка на новопримените депозити на компаниите достигнала 2,75 проценти.
Кај домаќинствата, просечната каматна стапка на вкупните кредити се намалила на 5 проценти, што е за 0,27 процентни поени помалку во споредба со август минатата година.
Каматата на новоодобрените кредити за населението останала непроменета на 4,73 проценти, но на годишно ниво бележи зголемување од 0,05 процентни поени.
Кај депозитите на домаќинствата, просечната каматна стапка останала на 2,11 проценти, додека кај новопримените депозити е зголемена на 2,72 проценти.