Граѓаните на Скопје во сабота ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз по повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026“.
Од ЈСП Скопје информираат дека бесплатниот превоз ќе биде достапен во периодот на одржување на манифестацијата, која ќе започне во 18:00 часот во сабота, а програмата е предвидено да заврши во 03:00 часот во недела.
Оттаму посочуваат дека мерката е воведена со цел граѓаните полесно да пристигнат на настанот и безбедно и навремено да се вратат по завршувањето на програмата.
ЈСП Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и враќање од „Бела ноќ 2026“.