Македонија

Крај на неконтролираното трупање администрација: Град Скопје ги намалува вработувањата во јавните претпријатија

Крај на неконтролираното трупање администрација: Град Скопје ги намалува вработувањата во јавните претпријатија

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување и оптимизација на новите вработувања во јавните претпријатија и установи, со цел поодговорно управување со градскиот буџет.

Со новата политика, административните позиции се сведуваат на минимум, а приоритет им се дава на оперативните и теренските работници — пред сè возачи во ЈСП, комунални работници во ЈП „Комунална хигиена“ и друг кадар неопходен за одржување на јавниот превоз, улиците и парковите.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека со ова се става крај на неконтролираното трупање администрација и дека секој денар од граѓаните мора да има јасна цел, а секое работно место реална потреба.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни