Во живо Live емисија Гледај
Свет

ВИДЕО Нуклеарната актовка на Путин забележана во Кина

ВИДЕО Нуклеарната актовка на Путин забележана во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина придружуван од соработник кој ја носеше таканаречената „нуклеарна актовка“ – уред што се користи за командување со стратешките нуклеарни сили на Русија, пренесува АПА, повикувајќи се на руски медиуми. Член од придружбата на Путин им потврди на новинарите дека тој носи специјална актовка, која е дел од рускиот систем за нуклеарна команда и контрола.

Уредот, познат како „Чегет“, му овозможува на руското раководство да одржува безбедна комуникација со воената команда и да издава наредби за употреба на нуклеарно оружје. Иако снимката привлече внимание за време на посетата на Путин на Кина, не е невообичаено рускиот претседател да патува со таква актовка.

За време на посетата на Пекинг во октомври 2023 година, Путин исто така беше снимен во придружба на офицери кои носеа слични актовки. Во таа прилика, по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, тој беше виден како се упатува кон друга обврска, опкружен од припадници на обезбедувањето. Зад него одеа двајца руски офицери во униформи, од кои секој носеше по една од актовките.

Како функционира руската нуклеарна актовка?

Актовката „Чегет“ не е директно поврзана со нуклеарното оружје и не може сама по себе да послужи за лансирање нуклеарен напад. Нејзината цел е да потврди дека рускиот претседател издал наредба за напад. Наредбите на претседателот потоа се пренесуваат до Генералштабот на вооружените сили на Русија, кој е одговорен за нивно извршување. Според тоа, „Чегет“ е дел од систем што им овозможува на државното и военото раководство на Русија да комуницираат и да носат одлуки во врска со употребата на нуклеарно оружје. Најновата снимка се појави пред средбата меѓу Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во Шенжен, Кина.

Предвидено е тројцата претседатели да се сретнат утре, а се очекува една од темите на разговор да биде контролата на нуклеарното оружје. Понатаму, самото присуство на нуклеарната актовка покрај Путин не значи дека Русија ја зголемила својата нуклеарна подготвеност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни