Свет

Трамп ја нарече средбата со Путин и Си „голема победа“, исходот од разговорите засега непознат

Трамп ја нарече средбата со Путин и Си „голема победа“, исходот од разговорите засега непознат

Доналд Трамп оцени дека самото одржување на средбата со Владимир Путин и Си Џинпинг претставува „голема победа“, во пресрет на трилатералните разговори на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен.

Пред заедничката средба, Трамп одделно разговараше со рускиот и со кинескиот лидер. Средбата со Путин беше нивна прва директна средба по повеќе од една година, а според американските новинари, траела повеќе од половина час.

Рускиот претседател го нарече Трамп „пријател“. Од Кремљ соопштија дека меѓу темите била војната во Украина и дека Путин ја напуштил средбата во одлично расположение. Засега не се објавени конкретни резултати од разговорот.

На почетокот на ручекот со Си, Трамп изјави дека Вашингтон и Пекинг пронашле рамнотежа во трговските односи, оценувајќи дека тие сега се фер.

Кинескиот претседател, пак, порача дека односите меѓу двете земји се стабилизираат.

„Билатералните односи помеѓу Кина и САД се стабилни и се подобруваат. Воспоставивме нова дефиниција за конструктивни односи помеѓу Кина и САД, засновани на стратешка стабилност, почитување, правичност и реципроцитет“, изјави Си.

И покрај позитивните пораки, очекувањата за значајни договори се ограничени поради длабоките несогласувања околу Украина, Иран, нуклеарното оружје и трговијата. Средбата предизвикува загриженост и кај помалите земји, кои стравуваат дека нивните интереси би можеле да бидат занемарени во разговорите меѓу големите сили.

Во претходна изјава за „Фокс њуз“, Трамп го истакна свечениот пречек што му бил организиран во Кина, споредувајќи го со поскромниот прием на другите лидери, вклучително и Путин. Јапонската премиерка Санае Такаичи пристигнала без церемонија за добредојде.

Пред пристигнувањето на Трамп, Си и Путин на отворањето на самитот упатија критики кон западниот трговски протекционизам и санкциите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни