На 01.10.2026 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Т.(26) од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и бела грутчеста материја, 30 таблети и други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.
При преземање на службени дејствија, во близина на домот на И.Т. биле затекнати С.Џ.К.(19) и Х.А.(25), двајцата од Гевгелија, а при преглед кај нив, кај С.Џ.К. било пронајдено пакување со марихуана, по што и тие се лишени од слобода.
За настаните е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.