Македонија

СДСМ ја објави иницијативата за реформи: Станува збор за „ЗНАМ 2.0“, партијата не е на продажба

СДСМ ја објави иницијативата за реформи: Станува збор за „ЗНАМ 2.0“, партијата не е на продажба

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку официјално соопштение јавно го објави документот доставен од внатрепартиската иницијатива, нарекувајќи го „Платформа ЗНАМ 2.0“. Од партијата соопштија дека и покрај тоа што писмото било означено како „доверливо“, се решиле за целосна транспарентност пред членството и граѓаните.

Од СДСМ порачуваат дека зад барањата за оставка, извонреден конгрес и промена на партискиот идентитет стојат тесни лични и бизнис-интереси кои одат во прилог на власта и ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се истакнува дека лидерот Венко Филипче има легитимитет добиен од над 18.000 членови на партијата, кој не може да биде оспорен од група од 17 потписници.

„СДСМ не е на продажба и нема да се предаде. Остануваме цврсто на европскиот пат, во борбата за вистината, правдата и демократијата“, стои во реакцијата на партиското раководство, со која децидно се одбиваат барањата на иницијаторите за преземање на партијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни