Тројца високи партиски функционери и членови на СДСМ – Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски – денеска, петок (2 октомври), во партиската архива на Бихаќка поднесоа предлог-пакет за структурни промени во партијата.
Со оваа иницијатива, тие бараат конкретни чекори во разумен рок за, како што наведуваат, враќање на СДСМ на нејзиното членство и реформирање на партиските структури.
„Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е да се преземат конкретни чекори. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, а на безидејноста со прецизен план“, порачаа тие при доставувањето на документите.