Македонија

Обвинителството бара судот да ја одбие гаранцијата од 200.000 евра на Деко од Пулс оти дел од имотот е дивоградба, а друг дел се шупи, плевна или предмет на извршување

Обвинителството бара судот да ја одбие гаранцијата од 200.000 евра на Деко од Пулс оти дел од имотот е дивоградба, а друг дел се шупи, плевна или предмет на извршување
Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се одбие предлогот за определување на гаранција, поднесен од обвинетиот Дејан Јованов од Кочани како неоснован.

Со предлогот се бараше од судот спрема обвинетиот да биде определена мерка гаранција во вкупен износ од 195.820 евра во денарска противвредност од 12.042.932 денари, а која гаранција се состои во ставање хипотека на недвижен имот.

Меѓутоа, според обвинителството, при одлучувањето, Судот особено треба да го цени фактот дека изјавата со која се дава согласност понудениот имот да биде даден како гаранција обвинетиот Дејан Јованов ја дал иако бил свесен дека дел од понудениот недвижен имот е предмет на извршување, па ниту може да биде ставен под хипотека, уште помалку да биде впаричен.

Освен тоа, понудените недвижности во голем дел се состојат од помошни простории, објекти, шупи, плевна, а кои претходно биле бесправни објекти и тој имот, при евентуална потреба, исклучително тешко ќе може да биде впаричен, а секако не во висина на износот на кој е проценет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни