Македонија

Цените на дизелот историски високи поради европски рафинерии – Ристов: Ова е манипулација на пазарот!

Цените на дизелот историски високи поради европски рафинерии – Ристов: Ова е манипулација на пазарот!

Цените на дизелот во Македонија достигнаа историски височини и за првпат ја надминаа цената на бензинот, алармира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов. Во интервју за „Ноќно студио“, Ристов истакна дека граѓаните се соочуваат со енормен раст поради фактори кои надминуваат локални причини.

„Имаме до сега историски најголем скок на нафтените деривати на светскиот пазар, почнувајќи од февруари, март, од кога почна војната на Блискиот Исток, до денеска, цената е дуплирана“, изјави Ристов и додаде: „Ова е манипулација со цените на горивата, не дека нема нафта на пазарот, меѓутоа овие нафтените компании кои преработуваат, односно рафинериите, го искористија овој момент… и практично ја дуплираат цената.“

Поголемата цена е последица на уништување на капацитетите за преработка на нафта во светот – рафинерии кои, поради воените дејствија во Украина, Русија и на Блискиот Исток, излегоа од функција. „Само на Блискиот Исток се уништени можеби 30% од постројките“, алармира Ристов.

Тој појаснува дека македонската формула за пресметка е транспарентна и неделно се базира на просечната цена на светските берзи, но глобалните цени стабилно растат – преработката што пред една година чинела 40 долари по тон, денес чини 400-500 долари.

Ристов апелира дека можноста за стабилизирање на цените зависи од регулација на светско ниво: „Луѓето од Европа и Америка треба да седнат и да пробаат да ги натераат овие компании да ја спуштат цената.“ До тогаш, македонските потрошувачи директно чувствуваат последиците од глобалните енергетски турбуленции — и манипулациите на големите рафинерии. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни