Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје, која е дел од нејзината регионална турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Поради високата делегација и нејзината агенда, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе спроведе посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на главниот град.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) упатија апел до сите граѓани и учесници во сообраќајот за трпение и строго почитување на наредбите и насоките кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници на терен, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.