Македонија

Фон дер Лајен: Следната недела правиме чекор за деблокирање на процесот, Македонија може брзо да напредува

Фон дер Лајен: Следната недела правиме чекор за деблокирање на процесот, Македонија може брзо да напредува

Европската комисија е целосно фокусирана на деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија со цел да се премине кон фазата на патоказ и отворање на поглавјата, порача претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.

„Можам да потврдам дека се договоривме за прв чекор следната недела, со кој ќе се обидеме да го деблокираме процесот и да го ставиме во редовен тек. Она што ќе се случува идната недела е ревидирање на целиот процес на пристапување“, истакна Фон дер Лајен.

Таа додаде дека по надминувањето на пречките, Македонија има потенцијал за брз напредок бидејќи веќе интензивно работи на потребните реформи. Иако претстои уште работа, претседателката на ЕК оцени дека досега постигнатите резултати на земјава се импресивни.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни