Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Македонија

Соборно литургиско чествување во Скопје: Се одбележуваат Денот на сите македонски светители и 40 години епископска служба на Архиепископот Стефан

Соборно литургиско чествување во Скопје: Се одбележуваат Денот на сите македонски светители и 40 години епископска служба на Архиепископот Стефан

По повод празнувањето на Денот на сите македонски светители и одбележувањето на јубилејот – 40 години од епископската служба на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Скопје ќе се одржи соборно литургиско чествување.

Свечената литургија ќе се одржи во недела, на 4 октомври 2026 година, со почеток во 9:00 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Македонската православна црква упатува срдечна покана до сиот верен народ да присуствува и заеднички да ги одбележи овој голем празник и значајниот јубилеј на поглаварот на МПЦ-ОА.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни