Македонија

Несреќа во скопско Зелениково, 44-годишен мотоциклист тешко повреден

Несреќа во скопско Зелениково, 44-годишен мотоциклист тешко повреден
Фото: 4news.mk

На 04.10.2026 околу 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на општинскиот пат с.Орешани-с.Таор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(23) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ѓ.(44) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни