Свет

Цената на нафтата „Брент“ падна под 100 долари за барел

Цената на нафтата „Брент“ падна под 100 долари за барел

Цената на меѓународно референтната нафта „Брент“ денеска падна под 102 долари за барел, додека американската нафта ВТИ се спушти под 90 долари за барел.

На падот на цените влијаела одлуката на саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ за испораките во ноември да ја намали продажната цена на нафтата „Араб Лајт“ за купувачите во Азија.

Според „Трејдинг економикс“, цената на „Араб Лајт“ е намалена на пет долари по барел под регионалниот референтен индекс.

Дополнително, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека координираното ослободување на нафтените резерви, под надзор на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), би требало да се спроведува во период од четири месеци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни