Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови остана на рекордно ниско ниво, додека голем број гласачи од латиноамериканско потекло негативно ја оценуваат неговата работа и планираат на ноемвриските избори за Конгресот да ја ускратат поддршката за неговата Републиканска партија, покажува истражувањето на „Ројтерс“ и „Ипсос“, спроведено до денес.
Според резултатите од шестдневното истражување, 32 отсто од Американците го одобруваат начинот на кој Трамп ја извршува претседателската функција. Тоа е непроменет процент во однос на септемвриското истражување, кога неговиот рејтинг падна на најниско ниво во досегашната политичка кариера, пренесува „Ројтерс“.
Гласачите од латиноамериканско потекло значително придонесоа за победата на Трамп на претседателските избори во 2024 година, кога тој освои речиси половина од нивните гласови, во споредба со околу една третина во 2020 година.