Македонија

Продолжува намаленото ДДВ за дизелот до 20 октомври

Продолжува намаленото ДДВ за дизелот до 20 октомври

Владата ја продолжува мерката за намалување на данокот на додадена вредност за дизел-горивото од 18 на 10 проценти до 20 октомври 2026 година. Целта е да се ублажат ценовните притисоци и да се намали финансискиот товар врз граѓаните и стопанството.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја соопшти одлуката во објава на Фејсбук, посочувајќи дека Владата продолжува со мерките за заштита на животниот стандард и одржување на стабилноста на домашната економија.

Според министерката, намалувањето на ДДВ влијае врз малопродажните цени на горивата и помага во ублажувањето на надворешните ценовни притисоци.

Димитриеска-Кочоска посочи дека надлежните институции внимателно ги следат состојбите на меѓународните пазари и дека ќе продолжат навремено да реагираат со соодветни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и економската стабилност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни