По повеќе од една година по тешката несреќа кај Кочани, Ива Михајлова замина за Бугарија, каде вели дека биде на лекување откако нејзината здравствена состојба се влошила.
Пред бугарските новинари, таа раскажа дека само со лична карта ја поминала границата Македонија – Бугарија.
„Јас имам лична карта во мене и со неа поминав, имам и македонска и бугарска. На бугарската граница покажав бугарска, а на македонската, македонска лична карта“, вели Михајлова.
Сепак, иако Михајлова, која има бугарско државјанство, може да влезе во Бугарија само со лична карта, за да излезе од Македонија, мора да поседува валиден македонски пасош.
Македонската лична карта не се прифаќа за излез кон Бугарија, бидејќи Македонија нема договор за преминување граница со лична карта со Бугарија.