Македонија

Јовица Андовски поднесе оставка, се повлекува од функцијата заменик-министер за здравство

Јовица Андовски поднесе оставка, се повлекува од функцијата заменик-министер за здравство

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата, наведувајќи лични причини за одлуката. Во оставката тој му се заблагодарува на премиерот Христијан Мицкоски за укажаната доверба и за досегашната соработка.

„Ви изразувам искрена благодарност за укажаната доверба, досегашната поддршка и соработката во текот на извршувањето на мојата функција. За мене беше чест и одговорност да бидам дел од Владата и да придонесувам кон унапредувањето на здравствениот систем.

На претседателот на Владата и на сите членови на Владата им посакувам успех во понатамошната работа и во остварувањето на заложбите за подобро здравство и поквалитетен живот на граѓаните“, наведува Андовски во оставката.

Андовски ја извршуваше функцијата заменик-министер за здравство од почетокот на мандатот на Владата предводена од Мицкоски. Во тој период на чело на Министерството за здравство се сменија тројца министри – Арбен Таравари, Азир Алиу и Сашо Клековски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни