Македонија

Кризната состојба за снабдувањето со нафта ќе трае до 20 април 2027 година

Кризната состојба за снабдувањето со нафта ќе трае до 20 април 2027 година

Собранието треба да одлучува за продолжување на кризната состојба поврзана со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, која според предложените измени би останала во сила до 20 април 2027 година. Предлог-одлуката денеска помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност и е упатена на натамошна постапка.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, образложувајќи го предлогот пред членовите на Комисијата, посочи дека измената се однесува на продолжување на рокот за постоење на кризната состојба за дополнителни шест месеци.

„Фактички, со оваа одлука, зборовите ‘до 20 октомври 2026’ се заменуваат со зборовите ‘до 20 април 2027 година’“, појасни Мисајловски.

Продолжувањето се предлага поради можноста од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на Македонија.

Предлог-одлуката треба да биде разгледана во натамошната собраниска постапка, по што ќе се знае дали кризната состојба ќе продолжи да важи до април следната година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни