Македонија

Со бурни расправи и свирчиња во Советот на Општина Тетово: Одложена одлуката за физибилити студијата за противпожарната единица

Со бурни расправи и свирчиња во Советот на Општина Тетово: Одложена одлуката за физибилити студијата за противпожарната единица

По петчасовна дебата проследена со силни тензии меѓу советниците, на 19-тата седница на Советот на Општина Тетово беше одложено донесувањето одлука за физибилити студијата, која предвидува изградба на нови згради на местото на сегашната Противпожарна единица.

Советниците од опозициската ДУИ со транспаренти и свирчиња се обидуваа да ја прекинат седницата, тврдејќи дека предлогот е штетен за јавниот интерес, додека владејачкото мнозинство инсистираше на расправа. По неколку паузи, околу 15 часот беше одлучено двете предлог-одлуки да се одложат за следната седница.

Опозицијата предупредува на штетен договор, Касами тврди дека ова е почеток на дебата

Советникот Агрон Арифи од иницијативата „Подобро за Тетово“ упати сериозни критики за предложениот модел на јавно-приватно партнерство:

„Според физибилити студијата, предвидени се две згради каде што 60% од просторот би останал на Општина Тетово, а 40% како деловен простор за приватниот инвеститор. Меѓутоа, според пресметките, општината првично добива само 15%, додека престанатите 45% ќе мора да ги откупи од инвеститорот за 7,7 милиони евра во рок од пет години. Неприфатливо е јавен простор што им припаѓа на сите граѓани да му се препушти на инвеститор“, изјави Арифи.

Од друга страна, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, изјави дека процесот е транспарентен и дека ова е само почеток на дебатата за соодветно решавање на просторниот проблем на општинската администрација и јавните претпријатија.

„Немаме што да криеме и подготвени сме да дебатираме до крај. Сметаме дека ова е еден од најголемите проекти за Тетово, кој ќе го подобри животниот стандард на граѓаните и условите за работа на вработените. Пожарната ќе остане на истото место, но со значително подобри услови за работа и без сообраќајни пречки“, истакна Касами.

Инаку, во март годинава, во непосредна близина на зградата на Општина Тетово веќе започна изградбата на уште еден објект за општинската администрација (со приземје, два ката и поткровје), проект вреден 1,4 милиони евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни