Балкан

Насилни протести во соседна Албанија: Студентите на улица, има бојкот на наставата

Насилни протести во соседна Албанија: Студентите на улица, има бојкот на наставата

Масовни и бојкот на наставата на повеќе факултети и средни училишта ширум Албанија, како израз на револт и спротивставување на политиките на владата.

Како што претходно најавија, студентите од Медицинскиот факултет ја прекинаа наставата и започнаа протестен марш кон Министерството за образование, каде што за 14:00 часот е закажан централниот собир.

Со паролите „Рама во затвор“, „Бериша во затвор“ и „Иднината е наша“, младите маршираат низ улиците на главниот град, а во текот на маршот кон нив постојано се приклучуваат студенти и од други факултети.

На бојкотот му се приклучија и студентите од Политехничкиот универзитет во Тирана, Правниот факултет, Факултетот за историја и филологија, како и Економскиот факултет на Универзитетот „Александер Џувани“ во Елбасан. Покрај високообразовните установи, наставата е бојкотирана и во средното училиште „Партизани“ во Тирана.

Денешните масовни протести се реакција на вчерашните жестоки судири меѓу студентите и полицијата пред Министерството за образование. За време на протестот беа забележани физички пресметки, полицијата употреби палки и водени топови за разбивање на толпата, додека демонстрантите фрлаа со јајца кон објектот на институцијата.

Во судирите имаше повредени и крвави студенти, а полицијата приведе најмалку 10 учесници во протестот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни