Македонија

Приведен е 27-годишен мотоциклист што со „јамаха“ возел со 188 км/ч на место каде што ограничувањето е 80 км/ч

Приведен е 27-годишен мотоциклист што со „јамаха“ возел со 188 км/ч на место каде што ограничувањето е 80 км/ч

Приведен е 27-годишен мотоциклист од Гостивар што со мотоцикл марка „јамаха“ возел 188 километри на час на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Прекршокот е регистриран вчера во 16:20 часот на автопатот Гостивар – Тетово со помош на специјално полициско возило пресретнувач.

„Возачот В.Б. (27) е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело безобѕирно управување со моторно возило. Против него ќе следува соодветна постапка“,се вели во полициското соопштение.

Полицијата, како што информираат од ресорното министерство, продолжува со засилени сообраќајни контроли со пресретнувачи низ државата, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите бидејќи неприспособената брзина е една од главните причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни