Македонија

Трагедија на Јадранска магистрала: Гостиварчанец починал од природна смрт додека управувал камион

Трагедија на Јадранска магистрала: Гостиварчанец починал од природна смрт додека управувал камион

На 16.10.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Јадранска Магистрала на над надпатникот, товарно возило „ман“ со приколка со гостиварски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во метална одбојна ограда.

По несреќата возачот Г.А.(70) од Гостивар бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од страна на лекар констатирана била смрт.

Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина каде е констатирано дека истиот починал од природна смрт.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни