Гласањето во Општина Брвеница денеска започна во 7:00 часот наутро и се одвива непречено, без пријавени проблеми или потешкотии при остварувањето на избирачкото право, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
Според информациите од ДИК:
- Болни и немоќни лица: Од вкупно 88 пријавени лица, своето право на глас го оствариле 85 граѓани.
- Лица во затвор или притвор: Од вкупно девет запишани гласачи во Избирачкиот список кои се на издржување казна затвор или во притвор, досега гласале седум лица.
Гласањето на овие лица се спроведува во три казнено-поправни установи на територијата на државата, односно во Скопје, Штип и Тетово.