Голем технички дефект предизвика бранот прекини на некои од најпопуларните интернет сервиси, платформите за комуникација, гејминг мрежите и интернет провајдерите ширум светот.
Според податоците од платформите за следење на статус на мрежите „Downdetector“, регистриран е нагол скок на пријави за проблеми и недостапност кај десетици водечки компании.
Кои платформи се погодени?
Графиците покажуваат истовремен и ненадеен скок на проблеми кај следниве водечки платформите:
- Вештачка интелигенција и облак услуги: OpenAI (ChatGPT) и Amazon забележаа значителен прекин во функционирањето.
- Комуникација и бизнис алатки: Microsoft Teams, Discord и Slack беа оневозможени за нормална секојдневна комуникација.
- Социјални мрежи и стриминг: Reddit и Twitch забележаа остар пораст на поплаки од корисниците.
- Гејминг платформи: Гејмерите се соочија со проблеми при поврзувањето на PlayStation Network и Xbox Network (Xbox Live).
- Интернет провајдери: Прекини беа забележани и кај телекомуникациските гиганти како Xfinity by Comcast, Metronet и T-Fiber.
Бран од поплаки од корисниците
Истовремениот скок на пријавите кај толку многу различни платформите укажува на можен поголем дефект во глобалната инфраструктура (како Cloudflare, AWS или главен интернет чвор).
Tилјадници корисници ширум светот се соочија со невозможност да пристапат до своите сметки, да испраќаат пораки или да користат онлајн услуги, а компаниите сè уште работат на локализирање и отстранување на дефектот.