Македонија

Притвор од 30 дена за охриѓанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија

Притвор од 30 дена за охриѓанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија
Фото: 4news.mk

Четириесет и двегодишен жител на Охрид е лишен од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла компјутер и видеосодржини со детска порнографија. По приведувањето, судија на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднел кривична пријава против А.Д. (42) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во член 193-а од Кривичниот законик.

Претресот бил извршен на 20 октомври 2026 година, со судска наредба. Полициските службеници од СВР Охрид постапувале во координација со колегите од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

При претресот биле пронајдени и одземени десктоп-компјутер и видеосодржини со експлицитни материјали од детска порнографија.

По пронаоѓањето на материјалите, осомничениот веднаш бил лишен од слобода, а по изведувањето пред судија на претходна постапка му била определена мерка притвор од 30 дена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни