Македонија

Сали по средбите во Брисел: Европската перспектива треба да стане практична реалност пред членството

Сали по средбите во Брисел: Европската перспектива треба да стане практична реалност пред членството

Уставните измени се следниот чекор за продолжување на евроинтегративниот пат на Македонија, без понатамошни политички одлуки, е пораката што еврокомесарката Марта Кос му ја пренела на вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали на средба во Брисел.

Кос упатила директен апел до Владата да ја исполни обврската, во време кога, како што беше кажано, земјите од регионот забрзано напредуваат кон Европската Унија.

Според изјавата на Сали, за време на посетата во Брисел тој остварил средби со еврокомесарите Марта Кос и Маркус Брунер, со генералниот директор Гертијан Копман и со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет, Шејмус Боланд.

„Разговорите беа фокусирани на реформите, постепената интеграција во Европската Унија, соработката во областа на безбедноста и вклучувањето на граѓанското општество. Ја истакнавме и потребата од практични решенија за тешкотиите со кои се соочуваат нашите превозници во Шенген зоната“, изјави Сали.

Тој додаде дека „европската перспектива треба да стане практична реалност уште пред членството“ и дека целта е „граѓаните, бизнисите и граѓанското општество сè повеќе да се поврзуваат со Европската Унија, додека продолжуваме да работиме кон полноправно членство“.

Сали, исто така, рече дека Македонија останува посветена на реформите и очекува напредокот „да се вреднува врз основа на заслугите“.

На средбите во Брисел се разговарало за постепената интеграција во ЕУ, напредокот во реформскиот процес, Планот за раст, како и за прашања поврзани со граничното управување, миграцијата и безбедносната состојба.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни