Излезноста на предвремените парламентарни избори во Србија до 17 часот достигна 60,8 отсто, покажува проценката на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД), направена врз примерок од 750 избирачки места.
Според податоците на ЦеСИД, излезноста е значително повисока во споредба со парламентарните избори во 2023 година. Тогаш, до истиот термин, на гласање излегле 47,2 отсто од запишаните избирачи.
Тоа значи дека излезноста до 17 часот е повисока за 13,6 процентни поени во споредба со истиот период на претходните парламентарни избори.