Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Балкан

Ниска излезност во Бугарија – до 16 часот гласале само 16,04 отсто

Ниска излезност во Бугарија – до 16 часот гласале само 16,04 отсто

Ниска излезност на претседателските избори во Бугарија – до 16 часот гласале 16,04 отсто од избирачите. Податокот го соопшти претседателката на Централната изборна комисија, Стојанка Балова, на брифинг за текот на изборниот ден.

Споредбено, на претседателските избори во 2021 година, излезноста до истиот термин изнесувала 24,12 отсто.

Најголема излезност досега е регистрирана во 23-та изборна единица во Софија, каде што гласале 25,09 отсто од избирачите. Најмала активност има во Крџали, со само 6,77 отсто.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој гласаше во Банкја, ниската излезност ја поврза со недостигот од кандидат кој би ја обединил нацијата, како и со слабата предизборна кампања.

„Луѓето не гледаат обединувач на нацијата. Гледаат партиски кандидати и многу слаба предизборна кампања, без ништо што би предизвикало емоции“, изјави Борисов.

Тој оцени дека кај граѓаните постои апатија, а можеби и страв од гласачките машини и од, како што рече, репресијата на која сведочеле во изминатите неколку недели.

Борисов се осврна и на начинот на кој се приведуваат осомничените, изразувајќи несогласување со ставањето лисици на лица за кои, според него, не постои ризик од бегство или агресивно однесување.

„Нека го казнат, нека го отпуштат, нека прават што сакаат, но да го изведуваат со лисици е некако грдо“, рече лидерот на ГЕРБ, коментирајќи конкретен случај.

Тој нагласи дека и во сложени ситуации може да се направат грешки и повика на човечност, без оглед на тоа дали станува збор за приведени лица или за новинари. Притоа раскажа и за неколку случаи во кои, како што рече, лично им помагал на повредени во сообраќајни несреќи.

На крајот, Борисов повика преостанатиот дел од изборниот ден да помине без политизирање и граѓаните мирно да го остварат своето право на глас.

„Да не политизираме во овој ден, додека има уште неколку часа. Луѓето нека гледаат спокојно и нека гласаат“, порача тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни