Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Богдановиќ со прогноза: СНС со 47 отсто, студентската листа со 38 до 39 отсто

Богдановиќ со прогноза: СНС со 47 отсто, студентската листа со 38 до 39 отсто

Поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, во „Ноќно студио“ на 4ТВ изнесе неофицијални прогнози за изборните резултати во Србија, кои, како што рече, ги добил од свои извори.

Според информациите што ги пренесе, се прогнозира дека Српската напредна странка (СНС) би можела да освои околу 47 проценти од гласовите, додека студентската листа би добила меѓу 38 и 39 проценти.

Богдановиќ посочи дека, според истите прогнози, Социјалистичката партија на Србија би можела да освои над пет проценти, иако претходно имало процени дека нема да го помине изборниот праг.

„Тоа се некои прогнози што ги добиваме од Србија. Треба да почекаме и да видиме како на крајот одлучиле граѓаните“, рече Богдановиќ.

Тој нагласи дека очекува разликата во резултатите да биде доволно јасна за да нема простор за поголеми оспорувања на изборниот исход.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни