Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Балкан

Дачиќ: Очекувам стабилен резултат за мојата коалиција и изборите да поминат во фер атмосфера

Дачиќ: Очекувам стабилен резултат за мојата коалиција и изборите да поминат во фер атмосфера

Носителот на изборната листа „Фактор на стабилност“ и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, по гласањето на предвремените парламентарни избори изјави дека очекува „стабилен резултат“ за коалицијата што ја предводи, но пред сè посакува изборите да поминат во „демократска и фер атмосфера“.

Дачиќ рече дека сака сè да биде во рамките на она што го предвидува законот и изборниот ден да помине мирно.

„Сметаме дека за Србија е важно, во овие турбулентни времиња, да постои некакво сидро што ќе ја одржува стабилноста и цврстината на земјата. Можам само да кажам дека ќе го зачуваме мирот, а истовремено и политичката стабилност“, изјави Дачиќ по гласањето во месната заедница Дедиње.

Дачиќ е и потпретседател на Владата на Србија и министер за внатрешни работи во технички мандат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни