Репресивниот одговор на институциите кон студентските протести во Србија, наместо да го намали незадоволството, придонел за уште поголема мобилизација на граѓаните, оцени новинарката Жана Булаиќ во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Според неа, упорноста на студентите, нивната енергија и поддршката од професори, експерти и граѓани биле клучни за одржувањето на протестите во изминатите две години.
Булаиќ посочи дека пријавените случаи на прекумерна употреба на сила дополнително го зголемиле револтот.
Таа нагласи дека поддршката за студентите се проширила и меѓу семејства чии членови работат во државните институции.
„Кога некој ќе ви го удри детето, како родител ќе застанете на страната на своето дете, а не на страната на претседателот“, истакна Булаиќ.
Според неа, токму истрајноста на младите и реакциите на институциите придонеле студентското движење да добие поширока општествена поддршка.