Изборната листа предводена од Александар Вучиќ има 54,21 отсто од освоените гласови, додека студентската листа „Студентска листа – Студентите победуваат“ има 36,85 отсто, покажуваат досега објавените податоци на Републичката изборна комисија (РИК) на Србија од предвремените парламентарни избори.
Според податоците објавени на официјалната интернет-страница на РИК, листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“ досега освоила 17.431 глас, односно 54,21 отсто.
На второ место е студентската изборна листа со 11.848 гласови, што претставува 36,85 отсто од досега евидентираните гласови.
Изборната листа на Ивица Дачиќ „Фактор на стабилност“ досега има 1.190 гласови, односно 3,7 отсто. Листата на унгарската заедница „Војводински унгарски сојуз“ има 435 гласови или 1,35 отсто.
Според истите податоци на РИК, досегашната излезност изнесува 68,84 отсто, додека 98,59 отсто од евидентираните гласачки ливчиња се важечки, а 1,41 отсто се неважечки.