Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Бесерменји од Белград: Вучиќ го призна поразот, граѓаните излегоа на улиците

Бесерменји од Белград: Вучиќ го призна поразот, граѓаните излегоа на улиците

Атмосферата во Белград се менува по објавувањето на првичните изборни резултати и изјавата на Александар Вучиќ дека неговата листа ги загубила изборите, пренесе новинарот Игор Бесерменји, кој се вклучи директно од Србија во отвореното студио на 4ТВ.

Бесерменји посочи дека на улиците во српската престолнина се забележува раздвиженост, а во одредени делови има собрани поголем број граѓани.

„Сега, кога тоа е официјално, можете да ја слушнете атмосферата. Не морам многу да зборувам“, рече Бесерменји, опишувајќи ја состојбата од терен.

Во разговорот во студиото беше отворено и прашањето дали се очекувал ваков изборен исход, особено по изјавата на Вучиќ, кој само еден час по затворањето на избирачките места соопшти дека неговата листа ги загубила изборите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни