Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Балкан

ПАДНА „ЧАЦИЛЕНД“: Граѓаните влегоа во кампот на поддржувачите на Вучиќ, го уриваат

ПАДНА „ЧАЦИЛЕНД“: Граѓаните влегоа во кампот на поддржувачите на Вучиќ, го уриваат

Граѓани на Србија вечерва влегоа во таканаречениот „Чациленд“, кампот во Пионерскиот парк во Белград, кој изминатата година и пол беше ограден и со ограничен пристап за јавноста.

Според известувањето на медиумите, граѓаните кои се собрале да ја прослават, како што ја нарекуваат, победата на студентското движење, влегле во паркот и почнале да ги отстрануваат и уриваат поставените шатори.

„Граѓаните кои вечерва се собраа да ја прослават студентската победа влегоа во Пионерскиот парк и повторно го презедоа“.

Кампот, познат како „Чациленд“, беше место на собирање на поддржувачите на политиките на Александар Вучиќ. Во изминатите 18 месеци пристапот бил ограничен за граѓаните кои не биле на списокот за влез.

Медиумите потсетуваат на претходни новинарски истражувања во кои се изнесени тврдења дека во кампот престојувале лица со криминално досие, како и наводи за присуство на оружје и напади врз учесници на студентските протести.

Според известувањето, вечерните случувања се проследени со силни емоции и револт кај дел од собраните граѓани, кои подолго време немале пристап до оградениот простор.

Настаните во Пионерскиот парк се случуваат во атмосфера на политички тензии по изборите во Србија, додека граѓаните и политичките актери ги очекуваат конечните изборни резултати.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни