Во живо Избори во Србија и Бугарија Вклучувања во живо од Белград и Софија Гледај
Македонија

За 54 проценти зголемен бројот на деца-сторители на прекршоци во 2025 година

За 54 проценти зголемен бројот на деца-сторители на прекршоци во 2025 година

Бројот на деца-сторители на прекршоци во 2025 година е зголемен за 54 проценти, а најголем раст има кај децата-жртви, за 118 отсто, покажува најновиот извештај на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда на децата.

Санкции биле изречени против 1.132 деца. Воедно, четири деца завршиле во затвор, а зголемен е и бројот на барања за отштета.

Во извештајот, како што беше пренесено, се нотира и раст на бројот на девојчиња кои вршат насилство.

Од Државниот совет посочуваат дека е зголемен и бројот на деца што се сместени во воспитно-поправен дом.

„Морам да признаам дека е зголемен бројот на деца коишто се наоѓаат во воспитно-поправен дом. Тоа значи дека… таму се за полов напад врз дете, за разбојништво, за мислам дека е обид за убиство. Навистина тоа е прашање што треба да се упати до воспитно-поправниот дом“, се вели во изјавата.

Како еден од клучните проблеми и натаму се посочува превенцијата. И покрај законската обврска, голем дел од општините немаат совет за превенција, што според Советот го отежнува справувањето со малолетничкото престапништво.

„Ние имаме проблем со дисфункционалност на семејствата. Значи, не зборуваме за еднородителски семејства. Зборуваме за дисфункционалност на семејствата од аспект на семејна грижа“.

Од Државниот совет за превенција сметаат дека е потребна поголема координација меѓу институциите и поефикасна ресоцијализација на децата, но се против намалување на возраста за кривична одговорност за сторители под 14 години.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни