Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.