Вкупно девет лица се опфатени со постапката поврзана со случајот „Санте Плус“, а на сите им се определени мерки согласно предлозите на Основното јавно обвинителство.
Ова го соопшти Кривичниот суд, по синоќешната акција и постапувањето по предлозите доставени од Обвинителството.
Според информациите од Судот, за сите девет осомничени се определени мерки какви што побарало Обвинителството.