Истрагата за убиствата во скопската населба Ѓорче Петров продолжува, а надлежниот јавен обвинител денеска ќе побара продолжување на мерката краткотраен притвор за осомничените.
Од Основното јавно обвинителство информираат дека се преземаат дејствија за прибирање докази и целосно расчистување на случајот.
„Јавниот обвинител до судот денеска ќе достави предлог за определување нов краткотраен притвор од 48 часа“, соопштија од Обвинителството.
Со барањето за нов 48-часовен притвор, обвинителството има за цел да обезбеди дополнително време за спроведување на истражните дејствија и прибирање докази во врска со случајот.