Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАРОБЕНА ВО БЕТОНСКА ДУПКА: Кучето Луна спасено во Куманово, сега се бори за живот!

ДВЕ ГОДИНИ ЗАРОБЕНА ВО БЕТОНСКА ДУПКА: Кучето Луна спасено во Куманово, сега се бори за живот!

Потресен случај на сомневање за долготрајно занемарување на животно во Куманово. Куче по име Луна, од расата германски овчар, е спасено од напуштен базен длабок меѓу три и пет метри, каде што, според здружението „Анимал Рескју Проџект“, било заробено речиси две години.

Луна била изложена на екстремни горештини, студ, дожд и снег, додека дел од локалните жители повремено ѝ спуштале храна и вода со јаже.

По сложената спасувачка акција, кучето било пренесено во ветеринарна амбуланта во критична состојба. Тежи само 10 килограми, екстремно е исцрпено и дехидрирано, а неговиот живот сè уште е во опасност.

При прегледот било откриено дека Луна има микрочип и регистриран сопственик. Засега не е познато како завршила во базенот.

Здружението побара итна реакција од Агенцијата за храна и ветеринарство, утврдување на околностите и евентуална одговорност на сопственикот.

„Успеавме да ја извлечеме Луна од бетонската дупка во која поминала речиси две години. Сега се бориме да ја одржиме во живот“, порачаа од здружението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни