Свет

Меркел: Време е Германија да има жена претседател

Меркел: Време е Германија да има жена претседател

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија, за првпат во својата историја, би требало да добие жена претседател. Таа се заложи на местото на актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, чиј втор петгодишен мандат завршува во март следната година, да дојде жена.

„Во 77-годишната историја на Сојузна Република Германија, никогаш немавме жена претседател“, рече Меркел во интервју за „MagentaTV“. Гостувајќи во емисијата Bestbesetzung, поранешната канцеларка – која доаѓа од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – сугерираше дека секој треба да се запраша дали конечно дошло времето за тоа. „Познавам жени кои би можеле да ја извршуваат таа функција“, истакна Меркел, иако одби да прецизира на кого точно мисли.

Новиот германски претседател ќе биде избран на 30 јануари од страна на Сојузното собрание (Bundesversammlung) – посебно уставно тело кое се свикува на секои пет години, исклучиво за избор на шефот на државата. Маркус Зедер, лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) – баварската сестринска партија на ЦДУ – веќе со месеци се залага Илзе Ајгнер, претседателката на баварскиот покраински парламент, да го наследи Штајнмајер.

Меѓу другите имиња што се споменуваат во конзервативниот блок се Јулија Клекнер, Карин Прин (министерка за образование) и поранешната претседателка на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни