Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче шири паника за банкарскиот систем

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче шири паника за банкарскиот систем

ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека со своите настапи ја вознемирува јавноста и создава паника за банкарскиот систем. Во партиската реакција се тврди дека опозицијата се обидува политички да профитира од стравот на граѓаните.

„СДС и Венко Филипче повторно ја активираат фабриката за паника. По мигрантите, водата и исплатата на пензиите и платите, сега посегнуваат и по банкарскиот сектор“, се наведува во соопштението.

Од владејачката партија велат дека СДСМ нема програма и визија за развој на државата, па затоа, според нив, прибегнува кон ширење страв и најавување кризни сценарија.

Во реакцијата ги посочуваат претходните изјави на опозицијата за водата за пиење во Скопје и Гостивар, за мигрантите и за исплатата на пензиите и платите. ВМРО-ДПМНЕ ги оценува овие настапи како обиди за создавање вознемиреност и тврди дека нема да успее ниту актуелното предупредување за банкарскиот сектор.

„Македонскиот банкарски систем е стабилен и тој не зависи од ниедни случувања во други држави, депозитите на сите депоненти се сигурни и безбедни“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата во соопштението упатува и лични квалификации кон Филипче, обвинувајќи го дека посакува застој и криза во државата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни