Македонија

Тепачка пред СЦ „Јане Сандански“, еден повреден пренесен со Брза помош

Тепачка пред СЦ „Јане Сандански“, еден повреден пренесен со Брза помош

Вечерва во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ дошло до физичка пресметка меѓу две навивачки групи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, едно лице е повредено, а едно лице е приведено.

Настанот се случил околу 19 часот, кога повеќе лица, членови на навивачката група „Фемили“, се упатиле кон спортската сала „Јане Сандански“. Таму претходно биле присутни околу педесет навивачи на кошаркарскиот клуб „Работнички“, кои чекале влез за натпревар.

Во еден момент помала група од „Фемили“, која се движела по улицата „Васко Карангелески“, запалила пиротехнички средства и се доближила до другата група, по што со употреба на физичка сила ги нападнала навивачите на „Работнички“. По инцидентот, дел од учесниците се оддалечиле во различни насоки.

Повреденото лице е пренесено со возило на Итна медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, информираа од МВР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни