Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Лет на Визер пренасочен кон Будимпешта поради закана со бомба

Лет на Визер пренасочен кон Будимпешта поради закана со бомба

Лет на „Виз ер“ (Wizz Air) од Лондон кон Софија во понеделникот бил пренасочен кон аеродромот во Будимпешта по закана за поставена бомба, објави на Фејсбук унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди.

Авионот летал од Лондон кон Софија кога била примена заканата за бомба, поради што леталото морало да отстапи од својата првична рута.

Бил испратен унгарски борбен авион „Грипен“ (Gripen) за да го придружува патничкиот авион. Леталото безбедно слетало на аеродромот во Будимпешта.

Надлежните органи во моментов вршат безбедносна проверка на авионот и патниците, потврдија од „Виз ер“ за информативниот портал 24.hu.

По инцидентот, борбениот авион „Грипен“ се вратил во својата база во Кечкемет.

По слетувањето, полицијата спроведува дополнителни безбедносни мерки, додаде Русин-Сенди.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни