Македонија

ОЈО: Против 21-годишникот од Богданци имало пријава за загрозување на сигурноста, првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство

ОЈО: Против 21-годишникот од Богданци имало пријава за загрозување на сигурноста, првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство

Против 21-годишникот од Богданци на 16 октомври била поднесена пријава за загрозување на сигурноста, по која надлежните органи веднаш започнале да постапуваат. Во меѓувреме, во граѓанска постапка, на лицето му биле определени и мерки за заштита од семејно насилство, информираат од Јавното обвинителство.

Од Обвинителството потврдуваат дека по пријавата од 16 октомври веднаш било започнато постапување, додека во одделна граѓанска постапка биле определени заштитни мерки.

Во врска со трагичниот настан во Богданци, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија извршил увид на местото на настанот и издал повеќе наредби за обезбедување докази, со цел целосно да се утврдат околностите и причините за трагедијата.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот“, соопштија од Обвинителството.

Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите лица, а обезбедени се и снимки од видеонадзор кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

Според првичните сознанија на истражните органи, постојат индиции дека станува збор за убиство и самоубиство, но од Обвинителството нагласуваат дека сите околности допрва треба да бидат испитани.

„Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“, наведуваат од Јавното обвинителство.

Истрагата треба да ги утврди точниот тек на настаните и околностите под кои настапила смртта на лицата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни