Македонија

„Стоп за фемицидот“: Утре мирен протест во Богданци во чест на Билјана

„Стоп за фемицидот“: Утре мирен протест во Богданци во чест на Билјана

Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“ е најавен за утре, петок, 6 ноември, во 19 часот во Градскиот парк во Богданци. Собирот се организира во чест на Билјана, со барања за одговорност, заштита на жените и итна акција од институциите.

„Нејзиниот глас е замолчен, но нашиот мора да биде погласен од кога било“, се наведува во повикот објавен на социјалните мрежи.

Иницијаторите порачуваат дека фемицидот мора да се спречи пред да се случи и дека институциите треба навреме да реагираат за да се заштитат животите на жените.

„Секој изгубен живот е системски неуспех, секоја премолчена жртва е заеднички пораз. Не смееме да дозволиме повеќе ниту една жена да живее во страв, ниту едно семејство да биде завиено во црно“, стои во повикот.

Се нагласува дека протестот нема партиски карактер и дека е отворен за сите граѓани кои сакаат да побараат правда и заштита од насилство.

„Излези и ти. За Билјана, за сите нас, за иднината на нашите деца“, повикуваат иницијаторите, со пораките „Правда за Билјана“ и „Ниту една повеќе“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни