Македонија

Пукано во автомобил во движење на патот Дебреше – Врапчиште

Пукано во автомобил во движење на патот Дебреше – Врапчиште
Фото: 4news.mk

Инцидент со огнено оружје бил пријавен синоќа на локалниот пат меѓу гостиварските села Дебреше и Врапчиште, откако патници во автомобил забележале проектил и оштетувања на возилото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 ноември околу 22:40 часот, 28-годишниот Е.Ј. од Гостивар во Полициското одделение Галате пријавил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Во пријавата се наведува дека додека 31-годишниот Е.З. од Гостивар управувал патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, движејќи се по локалниот пат од Дебреше кон Врапчиште, слушнале силен удар во задниот дел од кровот на автомобилот.

Откако го запреле возилото и излегле, забележале проектил од огнено оружје, како и оштетувања на хаубата.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни