Балкан

Вучиќ со песна најавија отпор, порачаа „Србија победува“

Вучиќ со песна најавија отпор, порачаа „Србија победува“

Белградската кафеана „Чаци бар“ била местото на синоќешната средба на поранешниот српскиот претседател Александар Вучиќ со новинарскиот тим на телевизијата „Информер“ и неколку државни функционери. Атмосферата била проследена со музика, песна и пораки за политички отпор, објави српскиот портал „Нова“.

На снимките објавени од медиумите се гледа Вучиќ во друштво на сопственикот на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, како и други блиски соработници и функционери.

Ова не е првпат Вучиќ да се појави во истата кафеана. Претходно тој објави видео со Вучиќевиќ, во кое објасни дека бил поканет од сопственикот на медиумот, заедно со уште неколку државни функционери, меѓу кои Ана, Синиша и Тони.

Во видеото Вучиќ се осврна и на состојбите во медиумот „Информер“, алудирајќи на притисоците со кои, според него, се соочува телевизијата.

„Не знам што слави Драган, ме повика мене и уште некои државни функционери, Ана, Синиша и Тони, а дојдовме во кафеанава „Чаци бар“. Драган не знам што слави, веројатно затоа што му гаснат медиумот. А јас знам дека тоа што му го гаснат медиумот е почеток на нивниот крај. И тие ништо не разбраа“, изјави Вучиќ.

На крајот од видеото, двајцата ја испратија пораката: „Србија победува“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни